Хидрозолација Двокомпонентна 5+5 кг - Baucentar
Хидрозолација Двокомпонентна 5+5 кг

Хидрозолација Двокомпонентна 5+5 кг

1755 ден

Има на залиха

1755 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А01795 Категории

БК Хидростоп 5/5 кг е двокомпонентен хидроизолационен, флексибилен полимерцементен премаз за вертикална и хоризонтална заштита на површини од влага. Наменет е за хидроизолација на потенцијално влажни простории: кујни, бањи, туш кабини, базени, подрумски површини, тераси итн. Наменет е и за надворешна и за внатрешна употреба, за позитивен и негативен притисок ≤ 1,5 bar.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која ќе биде нанесен БК Хидростоп 5/5 треба да биде цврста, без прашина, исчистена од мрсни дамки, без мувла и без лошо врзани делови. Пред нанесувањето на хидроизолацијата се препорачува премачкување со подлогата БК Ултра Прајм. Во случај на постари и нерамномерно апсорбирачки подлоги, како и во случај на порозни и високо апсорбирачки подлоги неопходно е да се изврши премачкување на подлогата со БК Ултра Прајм најмалку 4 часа пред нанесувањето на хидроизолацијата. Во случај на површини кои се лупат, се ронат или се распрскуваат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со БК Пенетрат. Бетонските површини неопходно е прво добро да се исчистат со врела вода, со цел отстранување на присутните нечистотии, а потоа да се премачкаат со подлогата БК Бетон Контакт.

Хидроизолациониот премаз се подготвува со додавање на прашкастата компонента A во течната компонента Б, и се меша додека не се добие хомогена смеса. Смесата да отстои околу 5 мин. и потоа повторно да се измеша. Подготвената смеса треба да биде искористена во рок од најмногу 1 час. Премазот се нанесува со четка во два слоја (по потреба и во три), во вкрстена постапка, сé додека површината не биде целосно покриена. Дебелината на едниот слој приближно изнесува 1 mm, а вториот слој се нанесува откако претходниот целосно ќе биде исушен. Хидроизолациониот премаз да се заштити од пребрзо сушење (сонце, ветер). После 12 часа од нанесување на последниот слој, површината е подготвена за поставување на керамика (за лепење користете флексибилни лепила Сипрофикс – БК 110 Флекс, БК 160 Супер Флекс, БК 155 Рапид Бел, БК 170 Еластик или БК 160 Бел).

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Најдобро е да се применува на температура о +5°C do +25°C.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 1,40 kg/m2/mm, зависно од квалитетот на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа доколку се складира во сув простор подигнат од подот на дрвени палети.

Бренд

Bekament