Фуга Водотпорна Ф19 2кг Светло Кафена - Baucentar
Фуга Водотпорна Ф19 2кг Светло Кафена

Фуга Водотпорна Ф19 2кг Светло Кафена

390 ден

Има на залиха

390 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А01769 Категории

BK Fugomal е висококвалитетна, водоотпорна смеса за фугирање во светло кафена нијанса. Наменета е за лепење на керамички и стаклени плочки, како и на плочки од вештачки или природен камен врз хоризонтални и вертикални површини. Производот е наменет за поставување фуги со широчина максимум до 10 mm, како за внатрешна така и за надворешна употреба. Отпорна е на мувла. Достапен е во 24 различни нијанси.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред нанесување на смесата за фугирање, отворите за фугите треба да се исчистат од остатоци на лепак и прашина. Доколку се фугираат плочки со висок степен на впивање или доколку се работи на високи амбиентални температури, фугите треба да се наводенат 1 час пред почеток на фугирање. Подготвувањето на смесата се врши со додавање на содржината од кантичката во околу 30% вода (2 кг прав за фуга во 600 ml вода) и потоа константно се меша со електричен миксер, додека да се добие хомогена маса. Откако ќе биде подготвена, смесата треба да се искористи во рок од максимум 1 час. Се нанесува со помош на гумена глетарка или глетарка под агол од 45°, така што фугата треба да биде добро исполнета со смесата за фугирање. После 20-30 минути, откако смесата површински ќе зацврсне, плочките треба да се избришат со влажен сунѓер дијагонално во однос на поставените плочки, а потоа да се исполира со сува крпа. Врз подните плочки може да се гази најмалку 8 часа после фугирањето, доколку сушењето се одвива при нормални услови.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Најдобро е да се поставува на амбиентална температура од +5°C do +25°C. Средина со висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на зацврстувањето на смесата за фугирање.

НАПОМЕНА
Кога се фугираат високопорозни плочки, се препорачува претходно да се направи пробно фугирање. Доколку лепакот за плочките од претходно не е добро исушен, постои можност бојата на фуга смесата да се промени. Фуга смесата не е погодна за природен камен кој е подложен на промена на бојата.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0,3-0,8 kg/m², во зависност од ширината на фугите и големина на плочките.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
24 месеци во оригиналната амбалажа доколку се складира во сува просторија подигната од подот врз дрвени палети.

Бренд

Bekament