Фасаден Силикатно Силиконски Малтер База 1.5мм Full 25кг - Baucentar
Фасаден Силикатно Силиконски Малтер База 1.5мм Full 25кг

Фасаден Силикатно Силиконски Малтер База 1.5мм Full 25кг

2990 ден

Има на залиха

2990 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Sil Si&Si е фасаден малтер на силикатно-силиконска база.

ПРИМЕНА
Висококвалитетен силикатно-силиконски декоративен малтер во форма на паста, се карактеризира со голема јакост, исклучителна способност за обработување и добра паропропусност со силиконски адитиви за подобрување на водоотпорност. Отпорен е кон UV зрачење и атмосферски влијанија. Поради своите карактеристики, се препорачува при санација на стари објекти и за заштита на споменици на културата.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ
Rajb (зарибана – rille) и Full (полна – kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со подлогата BK-Grund Silicat. Пред да биде нанесен, BK-Sil Si&Si треба да се промеша и по потреба да се разреди со мало количество вода до 1% (до 0,25л вода). Малтерот да се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупно зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глетарка и тоа: Full структура – веднаш по нанесувањето да се структурира со кружни движења, Rajb структура – кратко по нанесувањето да се структурира со кружни или прави движења додека не се постигне саканата структура. Врз континуални ѕидни површини, потребно е да се работи рамномерно и без прекини. Доколку се работи врз континуални фасадни површини, нужно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне егализација на материјалот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +15°C до +30°C, релативна влажност max. 70 %. Да не се работи на директна сончева светлин, за време на дожд или силен ветер. Фасадата соодветно да се заштити со мрежи. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 2.4-3.3 kg/m², во зависност од структурата и гранулацијата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

Бренд

Bekament