Универзална структурна подлога со микровлакна 25кг - Baucentar
Универзална структурна подлога со микровлакна 25кг

Универзална структурна подлога со микровлакна 25кг

3460 ден

Има на залиха

3460 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-MicroGrund Universal е универзална структурна подлога со микровлакна.

ПРИМЕНА
Универзална структурна подлога со микровлакна наменета за изедначување, неутрализација, зацврстување и водоотпорност на подлогата пред нанесување на сите видови фасадни бои и декоративни малтери, освен на силикатни бои/малтери. Производот е подесен за пополнување фини пукнатини на површината и за дополнително армирање на подлогата. Најчесто се користи во комбинација со BK-MicroFas Acryl и BK- MicroFas Silicon.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува BK-MicroGrund Universal треба да е цврста, чиста, сува и без остатоци на масла. BK-MicroGrund Universal подлогата пред употреба треба да се промеша и да се разреди со 10-15 % вода (0,8-1,2l вода за пакување од 8kg; 2,5-3,75l вода за пакување од 25kg). Така разреденатат подлога во два слоја се нанесува врз ѕидот со користење на валјак со долги влакна со вкрстена постапка. Потребно време за сушење пред нанесување друг слој изнесува мин. 4 часа.Неопходно е да се нанесува рамномерно со „полн валјак“, така да премачканата површина се поминува со валјак повеќе пати во различни правци, за да се избегне групирање на полнилото на едно место. Потребно време за сушење пред нанесување завршен слој изнесува 24 часа.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C до + 30°C. Да не се работи на директно сонце, за време на дожд и силен ветер.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0.2-0.3 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
До 18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

Бренд

Bekament