Премаз За Метал 3во1 750мл РАЛ 8016 - Baucentar
Премаз За Метал 3во1 750мл РАЛ 8016

Премаз За Метал 3во1 750мл РАЛ 8016

540 ден

Нема на залиха

БК Метал 3во1 е брзосушечки завршен премаз метални површини со нијанса на темно кафена боја.

ПРИМЕНА
Се користи како замена за три различни премази: антикорозивен, основен и завршен премаз. Има добра покривна моќ, разлевање и пополнување. Се карактеризира со исклучителна тврдост, еластичност, адхезија, отпорност на удар и заштита од атмосферски влијанија.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред нанесување на премазот, подлогата мора да биде сува, избрусена и чиста.
Се нанесува со четка, со валјак или со шприцање.

По потреба разредете го со разредувач BK-RX и нанесете го во 2 слоја. Првиот слој се нанесува со сенчење, а вториот е подебел слој така да дебелината на наносот треба да биде 120 микрони што е доволно за да се запре натамошниот продор на корозија. БК Метал 3во1 премазот одлично се прилепува на старата боја, но може да се користи и за бојадисување на дрво и пластика. Може да се нанесува и директно на одмастени поцинкувани лимови (без користење на прајмери).

Пред да се употреби, содржината во кантичката треба добро да се промеша.

ПОТРОШУВАЧКA
Околу 100-105 ml/m2 за премачкување во еден слој.

ПАКУВАЊЕ
Премазот е спакуван во лимена кантичка и содржи 750мл премаз.

Бренд

Bekament