Високопенетрирачка Подлога За Слабо Врзувачки Површини 1л - Baucentar
Високопенетрирачка Подлога За Слабо Врзувачки Површини 1л

Високопенетрирачка Подлога За Слабо Врзувачки Површини 1л

345 ден

Има на залиха

345 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Penetrat е високопенетрирачка подлога за слабо врзувачки површини.

ПРИМЕНА
Длабински, паропропустлив премаз наменет за импрегнација, изедначување и зацврстување на сите видови минерални надворешни и внатрешни подлоги. Се применува кај впивливи, слабо врзливи површини, пред нанесувањето на следните слоеви со цел да се подобри адхезијата. Заради своите наночестички има неверојатна продорна способност, па затоа е погоден за реставрација и санирање на културни споменици и стари, историски објекти, кога е потребно додатно да се поврзат и зајакнат оштетените површински малтери.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува BK-Penetrat мора да биде чиста, сува, без остатоци од масло и стари слоеви. Пред нанесувањето потребно е да се отстранат слабо врзаните делови колку што е тоа возможно. Пред употреба БК Пенетрат да се разреди со вода во однос 1:3 и добро да се измеша. За подобра пенетрација неопходно е да се придржувате на информациите во упатството за разредување. Нанесувањето се врши со четка со долги влакна, со валјак со долги влакна или со прскање. Кај многу стари, впивливи површини, грундирањето да се изврши два пати по принципот “мокро на мокро”. Времето за сушење е минимум 24 часа.

ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Oд +5°C до +25°C. Да не се работи изложено директно на сонце, на дожд или на јак ветер.

ПОТРОШУВАЧКА
50-80 ml/m², зависно од впивливоста и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ
12 месеци во оригинално запакуваната амбалажа. Да се чува на температура од +5°C до +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.

Бренд

Bekament