Ѕидна Алуминиумска Решетка Со Регулатор 150х275мм - Baucentar
Ѕидна Алуминиумска Решетка Со Регулатор 150х275мм

Ѕидна Алуминиумска Решетка Со Регулатор 150х275мм

1700 ден

Има на залиха

1700 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Намена:
Ѕидна решетка со подвижни ламели со димензии 150х275мм која служи за одведување и доведување на воздух во системите за вентилација, за климатизација или за греење. Во рамката на решетката се вградени независни рачно подвижни ламели во еден ред. Со вртење на ламелите се подесува правецот на струење на воздухот.
Ѕидната решетка може да се вградува во ѕид или на спуштени плафони, во помали, средни или поголеми простории (остави, купатила, станови, трговски центри, ресторани, конференциски сали и сл.).
Обликот на решетката овозможува лесно вклопување доколку има високи барања за уредување на ентериерот или барања за зголемен капацитет на размена на воздух без бучава и без турбуленција. Струењето на воздухот е овозможено во еден или два правци, за да воздушниот проток побрзо се промеша со воздухот во просторијата.
На ѕидната решетка има вграден регулатор на проток со спротивно насочени крилца и заеднички погон (дампер). Регулаторот на протокот се користи во различни воздушни системи за да се промени количината на воздухот или да се промени притисокот на воздухот. Контролата на струење на воздухот во самиот регулатор е овозможено со рачно подесување преку плафонска решетка.
Изработка:
Ѕидна решетка која е изработена од алуминиум Al.6060, а профилите се добиени со постапка на ладно екструдирање.
Регулаторот на проток е изработен од алуминиум Al.6060, а профилите се добиени со постапка на ладно екструдирање.
Површинска заштита:
Површинска заштита која се применува на овој производ е:
– елоксирање: на овој начин со електрохемиска постапка се постигнува одлична заштита на алуминиумот. Елоксираните делови се одликуваат со висок сјај (>80%). Со елоксирање се добива заштитен слој со дебелина од 8-12μm кој е постојан на температурен интервал од -40ºC до +300ºC.
Начин на вградување:
Монтирањето на ѕидната решетка е сигурна и едноставна, а се врши со помош на навојна врска преку отвори на телото на решетката, и по проектната документација која е предвидена за објектот каде што се врши вградувањето.

Бренд

Anko