Штуцна Со Вентилациона Решетка ф118х55м Бела - Baucentar
Штуцна Со Вентилациона Решетка ф118х55м Бела

Штуцна Со Вентилациона Решетка ф118х55м Бела

205 ден

Има на залиха

205 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Намена:
Вентилациона штуцна која има намена за проветрување во станбени, станбено-деловни или во индустриски објекти.
Вртливата клапна која се наоѓа на самиот капак на штуцната има способност да го регулира струењето на воздухот. Самата регулација е едноставна и постои можност целосно да се затвори отворот на штуцната.
Доколку штуцната е поставена на димоводен канал (оџак) со отстранување на капакот овозможено е на штуцната да се врзе димоводна цевка од уредот за ложење и одведување на димните гасови преку оџакот во атмосферата. Овој производ има отвор со дијаметар од 55мм.
Може да се вградува како на надворешни (фасадни) ѕидови, така и на внатрешни ѕидови.
Изработка:
Штуцната е изработена од ладно валан лим со дебелина од 0.6 мм со метода на длабоко извлекување.
Површинска заштита:
Површинската заштита на овој производ се врши со пластифицирање. Со премачкувањето со боја се постигнува квалитетна заштита на металните делови од корозија. Производот има глатка и сјајна површина (>80%). Со пластифицирање се добива заштитен слој со дебелина од 60-80 μm, кој е постојан на температури во интервал од -40 до +200ºC.
Начин на вградување:
Препорачлив начин на вградување на овој тип на штуцна е со монтирање со помош на малтер или некое друго врзивно средство.

Бренд

Anko