БК Хидростоп Премиум е еднокомпонентен хидроизолационен премаз на база на полимерна емулзија за хоризонтална и вертикална заштита на внатрешни површини од влага. Се користи за хидроизолација на кујни, бањи, туш кабини, подрумски површини итн, пред поставувањето на керамички плочки. Погоден е за употреба во системите со подно греење. Особена примена има за хидроизолација на површини од гипс картонски плочи.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Површините на кои се нанесува премазоит мора да бидат рамни, без поголеми вдлабнатини или пукнатини. Пред нанесувањето на хидроизолација се препорачува премачкување со подлогата БК Ултра Прајм, најмалку 4 часа пред нанесувањето на хидроизолација. Во случај на површини кои се лупат, се ронат или се со прав, треба да се отстранат слабо врзувачките слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со БК Пенетрат, пред нанесување на мембраната. БК Хидростоп Премиум се нанесува неразреден со четка во два слоја со вкупна дебелина до 1 mm. На спојките и на аглите на површините кои се премачкуваат се поставува гумирана хидроизолациона лента БК Тејп која треба да се стави во првиот слој од хидроизолацијата. Вториот слој се нанесува 2 часа подоцна, со вкрстена постапка. По истекот на 12 часа од нанесувањето на вториот слој, површината е подготвена за ставање на керамиката (за лепење се користат флексибилните лепила БК 160 СуперФлекс, БК 155 рапид Бел, БК 170 Еластик и БК 160 Бел).
ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0,5-0,6 kg/m2 зависно од квалитетот на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнати од подот на палети.