Фен Ѕиден Со Држач и Приклучок 1600 W - Baucentar
Фен Ѕиден Со Држач и Приклучок 1600 W

Фен Ѕиден Со Држач и Приклучок 1600 W

4800 ден

Има на залиха

4800 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 5330503205 Категории

Фен од Валера Премиум Смарт со моќност од 1600 W со држач кој може да се прикачи на ѕид. Фенот е во бела боја и има вграден сензор за исклучување во случај на прегревање. Од страна фенот има копче за рачно вклучување и исклучување. Дополнително има опција за избор на два различни мода на дување со три различни температури на воздухот. На врвот на фенот има и додаток за концентрирање на млазот на воздухот.

Држачот за на ѕид се монтира вертикално. Држачот има прекинувач за автоматско исклучување поради безбедност. Самиот држач има жици за директно врзување на електрично напојување со прекинувач за исклучување.

На држачот има и два приклучоци за машинка за бричење, еден за напојување на 110-120V и друг за напојување на 220-240V. Напојувањето се врши од безбедно изолиран трансформатор, вграден во држачот за на ѕид.

Уредот има IP20 стандард за заштита од навлегување на надворешни предмети. Оваа заштита штити од несакано навлегување на предмети поголеми од 12.5мм. Уредот нема заштита од навлегување на вода.

Овој уред целосно е произведен во Швајцарија.

Бренд

Valera