Фасадна Акрилна Дисперзија Б100 5л - Baucentar
Фасадна Акрилна Дисперзија Б100 5л

Фасадна Акрилна Дисперзија Б100 5л

1090 ден

Има на залиха

1090 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Fas Acryl е акрилна дисперзија за надворешни ѕидови.

ПРИМЕНА
Акрилна дисперзиона боја за заштита на нови и стари фасадни површини. Направена е врз база на висококвалитетни суровини, има силна моќ на прекривање и на водоодбивност, отпорна е на UV зрачење и на атмосферските влијанија. Поради голема отпорност погодна е и за примена на внатрешните ѕидови на јавни и резиденцијални oбјекти.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува бојата треба да е цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Ultra Prime универзална подлога или BK-Acryl структурна подлога.

ПОДГОТВУВАЊЕ НА БОЈАТА
Со додавање до 15% вода (0,15 l за пакување од 1l; 0,45 l за пакување од 3l; 0,75 l за пакување од 5l; 2,25 l за пакување од 15l). Потоа добро се промешува сé додека не се постигне целосна хомогенизација. BK-Fas Acryl најчесто се нанесува со помош на валјак со долги влакна, во два слоја. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши, за што под нормални услови (Т=+23-25°C, релативна влажност на воздухот 50-60%) е потребно 4-6 часа. Врз континуални површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд ниту при силен ветер.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 150-300 ml/m², во зависност од впивливоста и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитено од сончевата светлина и од замрзнување.

Бренд

Bekament