Фасадна Акрилна Дисперзија База200 15л - Baucentar
Фасадна Акрилна Дисперзија База200 15л

Фасадна Акрилна Дисперзија База200 15л

3255 ден

Има на залиха

Фасадна Акрилна Дисперзија

3255 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Neo Fas Acryl е акрилна дисперзија зa надворешни ѕидови.

ПРИМЕНА
Акрилна дисперзна боја за заштита на нови и стари фасадни површини. Направена е врз база на висококвалитетни суровини, има силна моќ на прекривање и на водоодбивност, отпорна е на UV зрачење и на атмосферски влијанија. Поради голема отпорност, бојата е погодна за примена и на внатрешни ѕидови во јавни објекти. Може да се тонира во повеќе од 3500 нијанси.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува бојата треба да е цврста, чиста, сува и премачкана со Neo Acryl подлогата. Подготвување на бојата се врши сo додавање до 15% вода (до 0,45 l вода за пакување 3 l; до 0,75 l вода за пакување 5 l; до 2,25 l вода за пакување 15 l), со добро мешање сé додека не се постигне целосна хомогенизација на смесата. Neo Fas Acryl обично се нанесува со помош на валјак со долги влакна или со четка, во два слоја. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши, за што под нормални услови (Т= +23-25°C, релативна влажност на воздухот = 50-60%) е потребно 4-6 часа. Врз континуални површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин.

ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Од + 5°C до + 30°С. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд ниту при силен ветер.

ПОТРОШУВАЧКА
За 0,15-0,30 л/м2 во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

Бренд

Neoton