BK-Briv Special е фасаден минерален малтер.
ПРИМЕНА
Минерален тенкослоен декоративен малтер на варовно-цементна основа, наменет за заштита и декорирање на надворешни фасадни површини.
СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ
Rajb (зарибана – rille) и Ful (полна – kratz).
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува малтерот трееба да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Пред нанесувањето на малтерот, на подлогата потребно е да се нанесе подлога BK-Grund Universal. Во случај на високо абсорбирачки подлоги, се препорачува нанесување на BK-Nivelator, додека во случај на слаби и трошни подлоги потребно е пред нанесувањето на малтерот на површината да се нанесе BK-Penetrat. Малтерот се подготвува со додавање околу 24-26% вода (25kg прав во околу 6-6,5l вода) и интензивно мешање, сé додека не се постигне целосна хомогенизација. Потоа смесата се остава да одстои 10 минути и повторно се промешува. Малтерот се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупно зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глетарка и тоа: Ful (полна – kratz) структура – веднаш по нанесувањето со кружни движења, Rajb (зарибана – rille) структура – кратко по нанесувањето со кружни или прави движења дури не се постигне саканата структура.
ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд и силен ветер.
ПОТРОШУВАЧКА
Околу 2,5-3,5 kg/m², во зависност од саканата структура и гранулација.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа во сува просторија подигнат на палети.