BK-Ultra Prime е универзална подлога.
ПРИМЕНА
Универзална транспарентна подлога за надворешна и внатрешна намена, која се користи како основен премаз пред нанесување на дисперзиони бои и глет маси, пред поставување на керамички плочки и пред лепење на термоизолациски плочи и сл. Подлогата BK-Ultra Prime ја подобрува лепливоста, го изедначува впивањето, ги врзува честичките прашина и овозможува рамномерен завршен слој при боењето.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува BK-Ultra Prime мора да биде носечка, цврста, без прашина, сува, без остатоци од масло и без слабо врзани слоеви. Подлогата BK-Ultra Prime е подготвена за нанесување и не треба да се разредува. Пред употреба производот треба добро да се промеша. Содржината треба рамномерно да се нанесува на ѕид, со долговлакнест валјак, со четка или со прскање во еден слој. Времето на сушење до нанесувањето на завршниот слој изнесува 4 часа при нормални услови (23°C и 50-60 % релативна влажност на воздухот).
ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Од +5C до +30C. Да не се работи на директна сончева светлина, ниту на дожд или на силен ветер.
ПОТРОШУВАЧКА
Околу 120 – 200 ml/m2, во зависност од впивливоста и од рапавоста на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ
18 месеци во оригинално спакуваната амбалажа. Да се чува на температура од +50C до +250C, заштитена од сончева светлина и смрзнување.