Структурна Подлога За Фасадни Ѕидови 8кг - Baucentar
Структурна Подлога За Фасадни Ѕидови 8кг

Структурна Подлога За Фасадни Ѕидови 8кг

995 ден

Има на залиха

Подлога за фасадни малтери и бои

995 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Neo Acryl структурна подлога за фасадни акрилни малтери и бои.

ПРИМЕНА
Акрилна структурна подлога наменета за изедначување, неутрализација, зацврстување и водоотпорност на подлогата пред нанесување акрилни фасадни бои и декоративни малтери. Се препорачува тонирање со Neo Acryl подлогата во истата нијанса како и завршниот слој.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува Neo Acryl мора да биде цврста, чиста, сува и без остатоци од масла. Пред употреба треба Neo Acryl подлогата да се промеша и да се разреди со 15-20% вода. Така разредената подлога се нанесува на ѕид со валјак или четка со долги влакна, во еден слој. Потребното време на сушење до нанесувањето на завршниот слој е 12 часа.

ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Од + 5˚C до + 30˚C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд и силен ветер.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0,2 – 0,25 кг/м2, во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци во оригинално пакување. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

Бренд

Neoton