Ламинат 10мм М1005 Костен - Baucentar
Ламинат 10мм М1005 Костен

Ламинат 10мм М1005 Костен

1189 ден

Има на залиха

1189 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 100079свк Категории

Ламинатните подови на SWISS KRONO се изработени од високо-квалитетно дрво како основна суровина. Иновативната технологија во производството обезбедува стилска подлога за подот со што завршуваат сите грижи за одржување, за оштетување или за топлината на внатрешниот амбиент. Оваа технологија на производство е заснована на високо-концентрирани пресувани плочи (HDF), кои се оплеменуваат со атрактивна декоративна хартија и автентична површинска структура. SWISS KRONO нуди широка палета на модели и дизајни на ламинатни подови.

  • Карактеристичен изглед на природно дрво
  • Длабоко втиснато дрво јадро
  • Автентичен изглед и чувство  
  • Автентичен изглед на даските благодарение на фугата
  • Највисока класа на примена

 

Дебелина: 10 mm

Димензии: 1380 mm × 193 mm

Класа на абразија: AC 5/33

Структура: ER

Даски во пакет: 6 = 1,598 m2

Пакети на Палета: 56 = 89,49 m2

 

Олицетворение на се што е природно. Кога оригиналната рустикална грубост се придружува на силата со височината на софистицирана елеганција, како резултат може да добие само една работа: уникатност. Како и секоја модерна индивидуа. Костенот, со мрачната нијанса, благо исполиран дизајн со потемнети влажни прстенести јадра, процепи и јазли е идеалниот избор за љубителите на оригинални облици и решенија со креативен дизајн. Овој автентичен и софистициран модел создава визуелна привлечност и неочекуван контраст и за најспецифичните стилови на опремување. Без оглед дали е искомбинирано со црна или бела кожа, со етнички африкански творби или со прави скандинавски линии, со тенка ленена ткаенина или со тежок сомот, или со стакло, со хромиран мебел, со фиберглас и синтетика: ламинатот со даски Костен од колекцијата MY FLOOR Chalet истовремено и се стреми и постигнува – контраст. Резултатот секогаш е возбудлива средина со нијанси на софистицирана рустикалност. Без оглед дали се работи за модерна куќа или мала гарсониера.

 

 

Колекција Challet

Дали ја сакате рустикална планинска атмосфера? Таму горе на планина, се’ изгледа толку полесно и пооригинално. На пример уживањето во мал оброк после долго пешачење. Раскажување приказни до доцна во ноќта, па дури и да заиграте некое оро. Висококвалитетниот под од колекцијата MY FLOOR Chalet со сето тоа може да се справи. Навистина е тешко, напорно, па дури и не лесно се заборава играњето или танцувањето на паркетот т.е. на ламинатот.

Декорот на ламинатите од колекцијата Chalet исто така создаваат рустикален амбиент во Вашиот дом. Искомбинирајте го, на пример, со едноставен дрвен мебел, со ленено платно или со природна кожа, или направете си поголем предизвик и обидете се да креирате измешана атмосфера од старински и модерен мебел.

Бренд

Swiss Krono