Самонивелирачка Маса до 30мм 25кг - Baucentar
Самонивелирачка Маса до 30мм 25кг

Самонивелирачка Маса до 30мм 25кг

1475 ден

Има на залиха

1475 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Liv 30 е самонивелирачка маса за подови.

ПРИМЕНA
Брзоврзувачка самонивелирачка маса со голема цврстина, за израмнување на бетонски површини, цементни кошулки и површини под плочки пред поставување на паркет, керамика, PVC и други подни облоги, во станбени, деловни и слични објекти. Производот не е наменет за завршен слој. Дебелината за нанесување на слојот изнесува од 5 до 30 мм. Се користи за внатрешни и надворешни површини (пр. тераси или веранди во комбинација со BK-HidroStop хидроизолациски премази). Погодна е за користење во системот на подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Површината на која се нанесува масата мора да биде цврста, чиста, без прав, маснотии и без слабо врзувачки делови. Пред нанесувањето на BK-Liv 30 површината да се премачка со подлогата BK-Ultra Prime, додека во случај на нанесување на стари керамички плочки како подлога да се користи BK-Bond. Времето потребно за сушење на подлогата изнесува минимум 4 часа. Подготовката на масата се врши со додавање на содржината во 19-20% вода ( 25kg прав во околу 5,0 l вода), до целосно хомогенизација. Масата треба да се остави да отстои 5 минути а потоа повторно да се измеша. Maсата се разлева на подлогата во еден слој со помош на соодветна алатка, а по разлевањето пожелно е површината да се помине со специјален иглест валјак (или „еж“ ваљак), со цел исфрлање на воздушните меури. Подготвената маса треба да се употреби во рок од 45 минути.

ПОТРОШУВАЧКA
Oколу 1,5-1,7 kg/m²/mm.

СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригинално пакување во сува просторија на палети.

Бренд

Bekament