Подлога За Внатрешни Бои 1:9 1л - Baucentar
Подлога За Внатрешни Бои 1:9 1л

Подлога За Внатрешни Бои 1:9 1л

265 ден

Има на залиха

265 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-Podloga 1:9 е подлога за внатрешни ѕидови.

ПРИМЕНА
Концентрирана емулзија наменета за подобрување на адхезијата, униформноста и стврднувањето на минерални и други подлоги, пред нанесување на внатрешни бои. Се користи како подлога пред нанесување на глет маса и при припрема на гипс-картонски плочи, цементно-влакнести плочи и минерални површини за понатамошна обработка.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред употребата на BK-Podloga потребно е да се разреди со вода во однос BK-Podloga:водa=1:9. Истото разредување се користи и за подготовка на површините за глетувањe. Содржината се нанесува со валјак со долги влакна или со прскање во еден слој. Доколку површината е сува и впивлива, може да се нанесе и втор слој, најмалку 2-3 часа по првиот слој. Потребно време за сушење пред нанесување на внатрешни бои е минимум 12 часа.

ПОТРОШУВАЧКА
20-30m l/m2, во зависност од впивањето и намената.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
До 12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5° до +25°, заштитен од сончевата светлина и од замрзнување.

Бренд

Bekament