Прајмер базиран на синтетичка смола во водена дисперзија со многу ниски емисии на испарливи органски соединенија (VOC).
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ:
Конзистентност: течност.
Боја: светло сина.
Разредување: во сооднос од 1:1 до 1:3 со вода, во зависност од апсорпцијата на основата.
Време на сушење пред нанесување соединенија за израмнување или лепило:
– бетон: 30 минути
– гипс: 30-60 минути
Примена: четка или валјак.
ЕМИКОД: EC1 Plus – со многу ниски емисии на испарливи органски соединенија (VOC).
Чување: 12 месеци. Заштитете се од мраз.
Потрошувачка: 0,08-0,15 kg/m2 во зависност од апликацијата.
Пакување: туба од 5 кг., 10 кг. и 25 kg и 1 kg.