Плафонска облога изработена од ЕПС – украсна стиропорна плоча наменета за лепење на плафон. Може да се лепи на плафон било од естетски причини или како дополнителна изолација на просторот. Оваа плафонска облога е многу едноставна за монтажа и штом се постави на плафонот може да се премачкува со боја за внатрешни ѕидови. Стиропорната плоча на себе има релјефна шара кој декоративно го оплеменува плафонот во просторијата, а воедно служи и како топлотна и звучна изолација.
Плочите се со димензии 500х500мм. Во едно пакување има 8 плочи по 0,25 м.кв. или вкупно 2 метри квадратни.