Перач Под Висок Притисок 1500w 125bar - Baucentar
Перач Под Висок Притисок 1500w 125bar

Перач Под Висок Притисок 1500w 125bar

11250 ден

Има на залиха

11250 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Перач под висок притисок со компактна конструкција кој се одликува со моќен мотор со моќност од 1.500W. Овозможува удобно и пријатно чистење со помалку бучна пумпа на моторот. Има маса од само 6,8кг без дополнителниот прибор. Има компактна конструкција за лесно ракување и контрола. Дизајнот на уредот е со вграден магацин за дополнителниот прибор за полесно маневрирање и користење за голема практичност. Уредот е подготвен за користење директно отпакуван од кутија, потребно е само едноставно и брзо спојување на приборот.
Уредот има млазница од тип 3во1 со избор на подесување на три различни облици на млаз: лепезест, ротационен и единечен млаз, според потребите за чистење. Млазницата за детергент под висок притисок и со проток од 450 ml заштедува време со брзото нанесување на средството за чистење.
Уредот е со ширина од 400м, должина од 200мм и висина од 375мм. Има и вграден систем за автоматско исклучување во случај на преоптоварување.
Пумпата на перачот е со максимален притисок од 125 bar со што се  овозможуваат разновидни перформанси на чистење. Максималниот проток на пумпата е 360литри на час. Максималната температура на протокот е 40 °C. Постои можност за самостоен довод на вода од 0.5м. Пумпата има 3 цилиндри и изработена од полн метал. Моторот е од сериски тип а уредот има и филтер за вода. Должината на кабелот за напојување е 5 метри. Има рачна моталка за црево, а PVC цревото е долго 3 метри.
Перачот има склоплива рачка со преклопување која може да се продолжи. Рачката е висока 870мм. Перачот има и големи тркала кои овозможуваат поголема подвижност и полесно складирање.
Нивото на звучен притисок е 85 dB(A), нивото на звучна моќност е 98 dB(A).

Бренд

Bosch