Концентрирано средство за плочки, подни плочи, кулир и природен камен. Отстранува наслаги од каменец и други нечистотии, остатоци од цементен филм, исцветување, корозија, долготрајни наслаги од бигор и слично. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба. Исто така може да се користи и за чистење на површини од хром, племенит челик, керамика, пластика и лакирани површини.
Подлогата треба темелно да се навлажни, средството за чистење да се разреди со вода, во зависност од степенот и видот на нечистотијата, да се нанесе на површината и после кратко делување целосно да се измие. Фугирани површини може да се чистат после 6 недели. Пред тој рок фугите се чистат само со вода. Потрошувачката на средството е 1 мл за површина од 10 до 15 метри квадратни.
Бренд
Knauf
