Тенкослојна Глет Маса За Внатрешни Ѕидови 25кг - Baucentar
Тенкослојна Глет Маса За Внатрешни Ѕидови 25кг

Тенкослојна Глет Маса За Внатрешни Ѕидови 25кг

575 ден

Има на залиха

Глет маса

575 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Neo Glet Classic е глет маса за израмнување на внатрешните зидови.

ПРИМЕНА
Глет маса на варова база, во прашкаста состојба, за израмнување на внатрешни ѕидови во тенок слој. Се користи за рачно нанесување во слој од вкупна максимална дебелина до 4 mm.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува Neo Glet Classic мора да биде цврста, сува и доколку е потребно, импрегнирана со Neo Prime подлога (задолжителна во случај на високо впивачки и/или порозни подлоги). Подготвувањето на смесата се врши така што во прашокот се додава околу 36% вода, сé додека смесата не стане хомогена и без грутки.

Смесата се остава да отстои 10 минути, а пред нанесувањето повторно се меша уште еднаш. Смесата обично се нанесува во два слоја, рачно, со метална глетарка, со вкупна дебелина до 4 mm. Вториот слој се нанесува дури откако првиот слој целосно ќе се исуши, а доколку евентуално се појават набори и нерамнини после нанесувањето на секој слој, истите може да се обработат со брусна хартија со грубост помеѓу 180-240, во зависност од техниката на наесување и намената на површините.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 1-1,5 кг/м2, во зависност од дебелината на наносот.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригинално амбалажа, во сува просторија на палети.

Бренд

Neoton