Лепило За Стиропор 25кг - Baucentar
Лепило За Стиропор 25кг

Лепило За Стиропор 25кг

420 ден

Има на залиха

Лепило за стиропор

420 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Neo Fix е лепило за лепење EPS Стиропорни плочи.

ПРИМЕНА
Лепило на цементна база, наменето исклучиво за лепење EPS плочи на различни минерални подлоги. Производот не е наменет за армирање со стаклени мрежички ниту пак за со него да се рамнат цели фасадни површини. Производот се користи како компонента за лепење на EPS плочи во рамките на системот за топлинска изолација Neotherm Standard.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која лепакот се нанесува треба да е цврста, чиста, без нечистотии и остатоци од масла или бои. За подготовка во прашокот се додава околу 26-28% вода дури не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да отстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото и истото да биде без грутки.

Подготвеното лепило се нанесува по целиот периметар на EPS плочата со додавање на три точки со нанос во средината на плочите, со дијаметар од околу 10 цм т.н лепило погача. На лентите на работ од плочите треба да се нанесе лепило во ширина од мин. 5 cm и дебелина од 1,5-2,0 cm.

После 2 дена сушење плочите може да се типлуваат, што е неопходно во системот со Neo Fix лепак. Оптимални временски услови: температура на подлогата и воздухот + 5°C до + 30°C. Можност за типлување: по 2 дена при сушење во оптимални услови (23°C и 50-60% р.в.в.).

ПОТРОШУВАЧКА
За 5-6 кг/м² за лепење плоча од стиропор.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети.

Бренд

Neoton