Лепило За Стиропор Флексибилно 25кг - Baucentar
Лепило За Стиропор Флексибилно 25кг

Лепило За Стиропор Флексибилно 25кг

660 ден

Има на залиха

660 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-StirolFix 1 е високо-флексибилно лепило за лепење на плочи од стиропор, графитен стиропор, плочи од минерална волна и за вметнување арматурна мрежа.

ПРИМЕНА
Mинерално флексибилно лепило наменето за лепење на плочи од стиропор (EPS плочи), графитен стиропор (EPS G плочи), плочи од минерална волна (MW плочи), на цврсти фасадни површини, како и за вметнување на арматурна мрежичка и за израмнување на целата фасадна површина. BK-StirolFix 1 се користи како лепило за лепење и како базен слој, т.е. лепило за армирање во рамките на двата Bekatherm термоизолациски системи (Bekatherm Standard систем со EPS термоизолациски плочи и Bekatherm Prestige со MW плочи).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува лепилото треба да е цврста, чиста, носечка, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Мазните, слабо апсорбирачки бетони, со остатоци од нечистотии, неопходно е да се исчистат со млаз врела вода, а потоа да се изврши грундирање со BK-Beton Kontakt, еден ден пред лепење на EPS плочите. Во случај на лепење на EPS плочи на ѕидови од гас-бетон се препорачува премачкување со BK-Nivelator според упатството за употреба.

Прашокот се додава во околу 26-28% вода ( 25kg прав во околу 6,5-7l вода) дури не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да одстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Така подготвено, лепилото се нанесува врз термоизолационите плочи (по рабовите на EPS плочата и точкасто по средината), а потоа плочите се залепуваат со притискање врз подлогата. За израмнување, лепилото се нанесува со помош на назабена челична глетарка (големина на заб 8-10 mm) врз површина која претходно е исчистена од прашина, а потоа на така нанесеното свежо лепило се втиснува арматурната мрежа од горе надолу (мин. 10 cm преклоп на мрежата). Откако ќе се исуши, целата површина повторно се израмнува со нов слој на лепило, со што вкупната дебелина на армираниот слој на лепило треба да изнесува 4-5mm. Лепилото треба да се заштити од премногу брзо сушење и од замрзнување. При лепењето на плочи од минерална волна, потребно е целата површина на плочата да се премачка со тенок слој лепило. Потоа се нанесува лепило по периферијата на плочата и три топки на средината. При понатамошната работа треба да се следат истите правила споменати во делот лепење на EPS плочи.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C. Moжност за вметнување на арматурна мрежичка: по минимум 48 часа. Можност за примена на завршни слоеви: по минимум 7 дена.

ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛ
Доколку се користи за лепење околу 5-6 kg/m2 и за рамнење 5-7 kg/m2 во зависност од квалитетот на подлогата, типот на термоизолациониот материјал кој се користи и слично.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети.

Бренд

Bekament