Лепило За Стиропор Флексибилно 25кг - Baucentar
Лепило За Стиропор Флексибилно 25кг

Лепило За Стиропор Флексибилно 25кг

650 ден

Има на залиха

Флексибилно Лепило За Стиропор

650 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Neo Fix Extra е флексибилно лепило за лепење на EPS Стиропорни плочи, EPS G Плочи од графитен стиропор како и плочи од минерална волна, а може да се користи и за армирање на стаклена мрежичка.

ПРИМЕНA
Mинерално флексибилно лепило наменето за плочи од стиропор (EPS плочи), плочи графитен стиропор (EPS G плочи), како и за плочи од минерална волна, на цврсти фасадни површини, како и за потопување на арматурна мрежичка и за израмнување на целата фасадна површина. NeoFIx Extra се користи како лепило за лепење и како базен слој, те. лепило за армирање во рамките на Neotherm Standard термоизолационен систем.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува лепилото мора да биде цврста, чиста, носечка, без расцветување, остатоци од масло или бои. Подготовката се врши со додавање на прашокот во околу 26-28% вода, до целосна хомогенизација. Масата да се остави да отстои околу 10-ина минути, па потоа повторно да се измеша за да се добие лепило со соодветна густина. Подготвеното лепило се нанесува на термоизолационите плочи по целокупниот обем на плочата и точкасто на средина. Потоа плочите се лепат со притискање на подлогата. При армирање лепилото се нанесува со назабена челична глетарка (големина на забот 8-10 mm) на отпрашена површина на стиропорот, а потоа во така нанесеното, свежо лепило се втиснува арматурната мрежичка од горе надолу (мин. 10 cm преклопување помеѓу лентите од мрежичка). По сушењето целата површина се израмнува со нов слој лепило, така да вкупната дебелина на завршниот слој од лепилото изнесува 4-5 mm. Лепилото треба да се заштити од пребрзо сушење и замрзнување.

При лепење на плочи од минерална волна потребно е целата површина на плочата да се премачка со тенок слој лепило. Потоа, лепилото се нанесува по целиот обем на плочата со додаток на три точки нанос на средина. При понатамошната работа да се испочитуваат истите правила спомнати во делот лепење на EPS плочи.

Оптимални временски услови
Температура на подлогата и воздухот од +5°C дo +30°C. Moжност за вметнување на арматурната мрежичка: после мин. 48 часа. Можност за примена на завршните слоеви: после мин. 7 дена.

ПОТРОШУВАЧКA
Oколу 5-6.5 кг/м2 за лепење и околу 5-7 кг/м2 за израмнување, во зависност од квалитетот на подлогата, видот на термоизолациониот материјал кој се користи и сл.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригинално пакување во сува просторија на палети.

Бренд

Neoton