Лепило За Стиропор и Армирање WDVS 25кг - Baucentar
Лепило За Стиропор и Армирање WDVS 25кг

Лепило За Стиропор и Армирање WDVS 25кг

505 ден

Има на залиха

505 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

BK-StirolFix WDVS е лепило за лепење на стиропорни плочи, плочи од минерална волна и за вметнување арматурна мрежичка.

ПРИМЕНА
Лепило наменето за лепење на термоизолациони плочи од стиропор врз цврсти фасадни површини, за вметнување арматурна мрежичка и за рамнење на цели фасадни површини, како и за лепење на плочи од минерална волна. BK-StirolFix WDVS се користи за лепење на термоизолациони плочи во рамките на Bekatherm Standard системот за термоизолација, односно за лепење на плочи од минерална волна во рамките на Bekatherm Prestige системот за термоизолација.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува лепилото треба да е цврста, чиста, носечка, без нечистотии и остатоци од масла и бои. Подготовка: прашокот се додава во околу 26-28% вода (25kg прав во околу 6,5-7l вода) додека не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да отстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото. Така подговено, лепилото се нанесува врз термоизолационите плочи (по периферијата на плочата и точкасто по средината, со топки од околу 10 cm), а потоа плочите се залепуваат со притискање врз подлогата. Кога се користи за армирање, лепилото се нанесува врз стиропорот кој претходно е исчистен од прашина, со помош на назабена глетарка (големина на заб 8-10mm), а потоа арматурната мрежичка се вметнува во свежо нанесеноот лепило (преклоп од мин. 10 cm). Откако ќе се исуши, целата површина се израмнува со нов слој на лепак, со што вкупната дебелина на армираниот слој на лепило да изнесува 4-5mm. Лепилото да се заштити од премногу брзо сушење и од замрзнување. При лепењето на плочи од минерална волна потребно е целата површина на плочата да се премачка со тенок слој од лепилото. Потоа се нанесува лепило по периферијата на плочата и три топки на средината. При понатамошната работа треба да се применуваат истите правила споменати во делот лепење на EPS плочи.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C. Moжност за вметнување на арматурна мрежичка: по 48 часа. Можност за примена на завршни слоеви: по 7 дена.

ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛОТ
Доколку се користи за лепење околу 5-6,5 kg и за израмнување 5-6 kg во зависност од квалитетот на подлогата, типот на термоизолациониот материјал кој се користи и сл. се однесува на потршувачката.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети.

Бренд

Bekament