Лепило за Стиропор Еластично 25кг - Baucentar
Лепило за Стиропор Еластично 25кг

Лепило за Стиропор Еластично 25кг

495 ден

Има на залиха

Еластично Лепило За Стиропор

495 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Neo Fix Elastic е лепило за лепење на EPS стропорни плочи и плочи од минерална волна и за армирање со стаклена мрежичка.

ПРИМЕНА
За лепење на термоизолациони плочи од стиропор и од минерална волна на цврсти фасадни површини, за армирање со стаклени мрежички и за рамнење на цели фасадни површини. NeoFix Elastic се користи како лепило за лепење на термоизолациони плочи во рамките на системот за топлинска изолација Neotherm Standard.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува лепилото треба да е цврста, чиста, носечка, без нечистотии и остатоци од масла или бои. За подготовка на смесата во прашокот се додава во околу 26-28% вода додека не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да отстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото. Подготвеното лепило се нанесува на термоизолациони плочи (по целиот периметар на плочата и точкасто во средина со дијаметар од околу 10 см, т.н. топки од лепак), а потоа плочите се лепат со притискање на подлогата.

Во текот на армирањето лепилото се нанесува со назабени челична глетарка (големини на заби 8-10 мм) на отпрашената површина од стиропор, а потоа арматурната мрежичка се вметнува во нанесениот лепак од горе до долу (мин. 10 cm со преклопување помеѓу лентите од мрежичка). Откако ќе се исуши, целата површина се зарамнува со нов слој на лепило, со што вкупната дебелина на армираниот слој на лепило со се мрежичката треба да изнесува 4-5 mm. Лепилото треба да се заштити од брзо сушење и од замрзнување

При лепење плочи од минерална волна, потребно е целата површина на плочата да се премачка со тенок слој лепило. Потоа нанесете го лепилото по целиот периметар на плочата со додавање на три точки нанос и во средина, со дијаметар околу 15 цм т.н. топки лепак. Во понатамошната работа да ги следите истите правила споменати во делот за лепење на EPS плочи.

ПОТРОШУВАЧКА
За 5-6,5 кг/м2 за лепење и околу 5-6 кг/м2 за израмнување, во зависност од квалитетот на подлогата, видот на употребениот термоизолационен материјал и сл.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригинално пакување во сува просторија на палета.

Бренд

Neoton