Лепило за плочки БК90 25кг - Baucentar
Лепило за плочки БК90 25кг

Лепило за плочки БК90 25кг

410 ден

Има на залиха

410 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А01780 Категории

SiproFix BK 90 е лепило за керамички плочки за внатрешна употреба.

РИМЕНА
Лепило за лепење на керамички плочки на ѕидни и подни површини, исклучиво врз цврсти подлоги како бетон, малтери врз база на цемент и вар, за внатрешна употреба, со одлично прилегање и со висока цврстина.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува лепилото треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде смрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепење на плочките се препорачува премачкување со подлогата БК Ултра Прајм со цел да се подобри адхезијата на лепакот. Подготовката се врши со додавање на 25kg прав во околу 6.5l вода и интензивно се меша до целосна хомогенизација. Смесата треба да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Лепилото се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде покриена со лепило. Големината на запците зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочките да се втиснат во слој од лепилото на подлогата, a доколку се работи за нерамна површина, лепилото се нанесува и на плочките и на тој начин се постигнува рамнење. Плочки со високо ниво на впивање и порозни плочки, треба да се навлажнат пред да се постават. Вишокот лепило да се отстрани со влажен сунѓер, а стврднатите делови да се одстранат по механички пат.

ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА
Околу 20 минути (зависно од подлогата). Можност за фугирање е 24 часа после поставување на плочките.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа складирано во сув простор и подигнато на палети.

Бренд

Bekament