Лепило за плочки БК160 Супер Флекс 25кг. - Baucentar
Лепило за плочки БК160 Супер Флекс 25кг.

Лепило за плочки БК160 Супер Флекс 25кг.

850 ден

Има на залиха

850 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А01779 Категории

SiproFix BK 160 White е флексибилно лепило за керамички и гранитни плочки за внатрешна и надворешна употреба.

ПРИМЕНА
Лепило за лепење на керамички плочки со димензии до 120×80 cm, мозаици, мермер, гранит, природен и вештачки камен на ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво на цврсти подлоги (бетон, малтери на база на цемент и вар), за надворешна и внатрешна употреба. Производот се карактеризира со одлична адхезија, висока цврстина, флексибилност и отпорност на влага. Погоден е за лепење на плочки со ниска впивливост/апсорбција (E ≤ 3%) и плочки со големи димензии (до 80cm). Погодно за употреба во бањи, кујни, балкони, тераси и на подлоги со подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува лепилото треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепењето на плочки се препорачува премачкување со подлогата БК Ултра Прајм со цел подобрување на адхезијата на лепилото. За постигнување на оптимални резултати при лепењето на плочки на слабо апсорбирачки површини, како и при лепење плочка врз плочка да се користи во комбинација со подлогата БК Бонд.

ПОДГОТОВКА
Подготовката на смесата се врши со додавање на 5kg прав во околу 1.35l вода; или 25kg прав во околу 6.75l вода со интензивно мешање до целосна хомогенизација. Смесата треба да отстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилото. Лепилото се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде покриена со лепак доколку се работи за внатрешна употреба, а минимум 90% за надворешна употреба. Големината на запците зависи од димензијата на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочките да се втиснат во слој од лепилото врз подлогата, a доколку се работи за нерамна површина, треба да се нанесе лепило и на плочките за да се постигне рамнење. Високо впивливи и порозни плочки, пред да се постават, треба да се навлажнат. Вишокот лепило да се отстрани со влажен сунѓер, а стврднатите делови да се отстранат по механички пат. Вишокот лепило од фугите отстранете го механички.

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА
Околу 30 минути (зависно од подлогата и атмосферските услови). Може да се фугира 24 по поставување на плочките при сушење на оптимални услови (23°C и 50-60% р.в.в.).

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и од дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа складирано во сув простор и подигнато на палети.

Бренд

Bekament