Лепило за плочки БК110 25кг - Baucentar
Лепило за плочки БК110 25кг

Лепило за плочки БК110 25кг

505 ден

Има на залиха

505 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А01778 Категории

SiproFix BK 110 е лепило за керамички плочки за внатрешна и надворешна употреба.

ПРИМЕНА
Лепило за лепење на керамички плочки врз ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво врз цврсти подлоги од бетон, малтери на база на цемент и вар, за надворешна и внатрешна употреба. Се користи за лепење на апсорбирачки и слабо апсорбирачки керамички плочки со димензии до 60×60 cm. Погодно е за употреба во бањи, кујни, балкони, тераси.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепењето на плочки се препорачува премачкување со подлогата БК Ултра Прајм со цел подобрување на адхезијата на лепилото. Подготовката се врши со додавање на 25 kg прав во околу 6.5l вода и интензивно се меша до целосна хомогенизациа. Смесата да се остави да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Лепилото се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде прекриена со лепак доколку се работи за внатрешна употреба, а минимум 90% за надворешна употреба. Големината на запците зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочки со високо ниво на впивање и порозни плочки, треба да бидат навлажнети пред да се постават. Вишокот лепило да се отстрани со влажен сунѓер, а стврднати делови да се одстранат по механички пат.

ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА
Околу 30 минути (зависно од подлогата). Може да се фугира 24 часа по поставувањето на плочките.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа складирано во сув простор и подигнато на палети.

Бренд

Bekament