Лепило За Керамички Плочки 25кг - Baucentar
Лепило За Керамички Плочки 25кг

Лепило За Керамички Плочки 25кг

495 ден

Има на залиха

Лепило За Плочки Надвор и Внатре

495 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А09433 Категории

Neo Ceramic 110 е лепило за керамички плочки за внатрешна и надворешна употреба.

ПРИМЕНА
За лепење керамика врз ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво на цврсти подлоги (бетон, гипс, цементен и варов малтер), за надворешна и за внатрешна употреба. Се користи за лепење врз впивачки и врз слабо впивачки керамички плочки со димензии до 60 × 60 cm. Погоден е за употреба во бањи, кујни, балкони и тераси.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува лепилото треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Се препорачува 4 часа пред лепењето на плочките да се премачка подлогата со NeoTon Uni Grund подготвена според упатството за да се подобри лепливоста на лепилото.

Подготовката се врши со додавање 25 кг прашок во околу 6,5 литри вода со енергично мешање до целосна хомогенизација. Смесата треба да отстои 10-тина минути, а потоа повторно да се промеша за да се добие соодветна густина на лепилот. Лепилото се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запците, така што минимум 65% од површината на плочката да биде покриена со лепило (за внатрешна употреба), а минимум 90% (за надворешна употреба). Големината на запците зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочки со високо ниво на впивање и порозни плочки треба да се навлажнат пред да се постават за лепење. Вишокот лепило може да се одстрани со влажен сунѓер, а стврднатите делови треба да се отстранат по механички пат.

Оптимални временски услови
Температура на подлогата и воздухот + 5°C до + 25°C. Отворено време на работа: околу 20 минути (во зависност од подлогата).

Можност за фугирање по 24 ч.

ПОТРОШУВАЧКА
За 3-5 кг/м2 во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети.

Бренд

Neoton