Лепак За Паркет 5кг - Baucentar
Лепак За Паркет 5кг

Лепак За Паркет 5кг

875 ден

Има на залиха

875 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: А01782 Категории

BK Parket Fix e еднокомпонентен лепак за паркет.

ПРИМЕНА
Синтетички лепак на база на полимерна емулзија наменет за лепење на класичен и ламелиран паркет врз цементна кошулица, врз бетонски подлоги и подлоги од дрво. Го карактеризира исклучително добра адхезија со подлогата и добра флексибилност.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, сува и без остатоци од стари масла или бои. Пред поставување на паркетот, подлогата да се грундира со BK Parket Fix разреден со околу 30 % вода. Влажноста на цементните подлоги да не биде поголема од 3 %, а влажноста на паркетот да не е повеќе од 8 %. Лепакот по потреба може да се разблажи со мало количество вода – максимум до 1% со цел да се постигне соодветна конзистенција. Лепакот врз подлогата се нанесува со помош на назабена глетарка, во слој со дебелина 3-5 mm. Парчињата паркет или ламинат се положуваат на подлогата со добро притискање. Паркетот може да се бруси најмалку 24 часа по лепењето.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од +5°C do +25°C.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 1-1,2 kg/m², зависно од видот на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.в

Бренд

Bekament