Ласерско Метро ГЛМ 120 Ц до 120м - Baucentar
Ласерско Метро ГЛМ 120 Ц до 120м

Ласерско Метро ГЛМ 120 Ц до 120м

18500 ден

Нема на залиха

Шифра: 0601072Ф00 Категории

Ласерско метро за мерење растојанија наменет за професионална употреба. Идеален е за документирање на околината и нејзино прецизно мерење, дури и при работа на отворен простор. Претставува врвен избор за мерење на големи растојанија в комплексна околина и во ситуации со слаба видливост. Дигиталната оптика со функција за зумирање за детектирање на цели овозможува визуелно таргетирање во примена на отворен простор на растојание и до 120 метри. Оптималната јасност и издржливост се овозможени со помош на IPS дисплејот во боја со голем контраст и со големина од 2,8 инчи со дополнителна заштита на екранот. Брзото прибирање и документирање на измерените вредности е можно благодарение на микро-USB кабелот, на опцијата за далечинско управување и благодарение на апликацијата MeasureOn.

Овој уред има HMI интерфејс кој е прилагоден на корисникот за лесно бирање на со круг за избирање и лесен пристап до сите функции. Има и корисна опција за за помош со детални слики така да сите функции лесно може да се разберат и користат.

Мерното подрачје на уредот е од 0.08 метри до 120 метри. Точноста на мерење е ± 1,5 mm. Подрачјето за мерење на косини изнесува 0 – 360° (4 x 90°). Има опција за избор на мерните единици.

Времето на мерење типично е < 0,5 s, максималлното време е до 4s. Уредот автоматски се исклучува после 5 минути неактивно користење.

Уредот е со ласер од класа 2. Диодата на ласерот е 650 nm, < 1 mW. Ласерот е со црвена боја.

Напојувањето е со една литиум јонска батерија 1 x 3.6 V (3120 mAh). Заштитата од надворешни влијанија е од тип IP54.

Во својата меморија може да запамти до 50 вредности во меморијата. Преносот на податоци може да се врши со Bluetooth™ 4.2 Low Energy.

Масата на уредот е 0.21кг. Навојот на стативот е со големина од 1/4″.

Бренд

Bosch