Ламинат 8мм MV857 Монтмело Сребрен Даб - Baucentar
Ламинат 8мм MV857 Монтмело Сребрен Даб

Ламинат 8мм MV857 Монтмело Сребрен Даб

989 ден

Има на залиха

989 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 000857свк Категории

Ламинатните подови на SWISS KRONO се изработени од високо-квалитетно дрво како основна суровина. Иновативната технологија во производството обезбедува стилска подлога за подот со што завршуваат сите грижи за одржување, за оштетување или за топлината на внатрешниот амбиент. Оваа технологија на производство е заснована на високо-концентрирани пресувани даски (HDF), кои се оплеменуваат со атрактивна декоративна хартија и автентична површинска структура. SWISS KRONO нуди широка палета на модели и дизајни на ламинатни подови.

  • Незаситен изглед на вистинско дрво
  • Четиристрана фуга за оригинален изглед на дрвена даска
  • Лесен за одржување
  • Издржлив на оптоварувања
  • Отпорен на избледување и на флеки

 

Дебелина: 8 mm

Димензии: 1380 mm × 244 mm

Класа на абразија: AC 5/32

Структура: ML

Даски во пакет: 8 = 2,694 m2

Пакети на палета: 42 = 113,138 m2

 

 

Природен, Рустикален. Домашен. Глетката на бели измиени даски секогаш нја поврзуваме со слики од дрвени куќарки, амбари со жито и мали пристаништа. Монтмело Сребрен Даб со неговиот мат сјај на сива лава елегантно игра со низата на вакви асоцијации и неговиот смирувачки и успокојувачки ефект на свестам на телото и на душата. Убедливиот изглед на изветреан даб со неговите нежни зраци, автентични процепи и цврсти јазли го претвора овој квалитетен ламинатен под во живописно парче природа – веднаш под Вашите стапала. На Вашиот дом можете да му дадете изглед и чувство на селска куќа. Овој под е лесен за одржување, огноотпорен, изработен од природни и обновливи суровини што го овозможува ова до последен детаљ. Екстра широките даски со дискретни знаци на оштетување и фугата под агол од 45° прават скоро да нема видлива разлика помеѓу овој ламинат и вистински дрвен под. Без оглед на Вашиот личен вкус, Монтмело Сребрен Даб додава повеќе од чувство на домашна автентичност во вашата соба. Овој високо издржлив ламинат со визуелни и физички карактеристики на вистинско природно дрво овозможува и визуелно и просторно подобрување на модерниот ентериер.

 

Колекција Cottage

Чаша вино, добра книга, удобна фотелја пред распламтениот камин? Што повеќе можете да посакате за мирна завршница на еден бурен ден? Треперењето на пламенот од каминот ја обвива собата со прекрасна топла светлина. Вашиот нов под од MY FLOOR Cottage Collection нежно блеска, а неговата втисната текстура е фина и елегантна. Ова едноставно ќе ве натера да копнеете по вечерите, секој нов ден.

Сите колекции на Cottage подовите зрачат со неспоредливо чувство на удобност и имаат свој карактер. Имаат ефект кој може да се спореди само со оној на масивен дрвен под. И, ако и најмала искра од огнот излезе, воопшто нема да треба да се грижите. Нашите ламинатни подови се високо отпорни на запалување и можат да се справат со многу предизвици.

Бренд

Swiss Krono