Ламинат 8мм MV852 Петерсон Беж Даб - Baucentar
Ламинат 8мм MV852 Петерсон Беж Даб

Ламинат 8мм MV852 Петерсон Беж Даб

989 ден

Има на залиха

989 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 000852свк Категории

Ламинатните подови на SWISS KRONO се изработени од високо-квалитетно дрво како основна суровина. Иновативната технологија во производството обезбедува стилска подлога за подот со што завршуваат сите грижи за одржување, за оштетување или за топлината на внатрешниот амбиент. Оваа технологија на производство е заснована на високо-концентрирани пресувани даски (HDF), кои се оплеменуваат со атрактивна декоративна хартија и автентична површинска структура. SWISS KRONO нуди широка палета на модели и дизајни на ламинатни подови.

  • Изглед на природен даб
  • Екстра широки даски
  • Четиристрана фуга за реалистичен изглед на дрвени даски
  • Високоотпорен на запалување
  • Значително отпорен на изгореници од цигари

 

Дебелина: 8 mm

Димензии: 1380 mm × 244 mm

Класа на абразија: AC 5/32

Структура: ML

Даски во пакет: 8 = 2,694 m2

Пакети на палета: 42 = 113,138 m2

 

Целокупна нега. Никакво одржување. Доколку го сакате изгледот на подови од тешки дабови даски но не сте љубител на традиционалниот изглед на паркет со две или три даски, тогаш Петерсон беж Даб е вистинскиот избор за под од колекцијата MY FLOOR. Внимателно изработен од скоро 100% природни и обновливи суровини, длабоко втисната текстура на дрво во ламинатот отсликува под од вистински дабови даски до последниот детаљ. Дури и експертите за подови понекогаш не можат да направат разлика. Како ниту еден друг под, јадрото на дрвото ,порите, чворовите и структурата на Петерсон Беж Даб ја доловува суштината на домот изработен од природни материјали онаму каде што е најважно – на подот. И овој ламинатен под со автентичен изглед е многу полесен за одржување отколку подот од природни даски. Петерсон Беж Даб се одликува со патентираниот Clic-System за екстра широките даски и како и секој друг под од колекцијата MY FLOOR тој е високоотпорен на избледување, на флеки и на изгореници од цигари.

 

Колекција Cottage

Чаша вино, добра книга, удобна фотелја пред распламтениот камин? Што повеќе можете да посакате за мирна завршница на еден бурен ден? Треперењето на пламенот од каминот ја обвива собата со прекрасна топла светлина. Вашиот нов под од MY FLOOR Cottage Collection нежно блеска, а неговата втисната текстура е фина и елегантна. Ова едноставно ќе ве натера да копнеете по вечерите, секој нов ден.

Сите колекции на Cottage подовите зрачат со неспоредливо чувство на удобност и имаат свој карактер. Имаат ефект кој може да се спореди само со оној на масивен дрвен под. И, ако и најмала искра од огнот излезе, воопшто нема да треба да се грижите. Нашите ламинатни подови се високо отпорни на запалување и можат да се справат со многу предизвици.

Бренд

Swiss Krono