Ламинат 8мм MV851 Петерсон Сив Даб - Baucentar
Ламинат 8мм MV851 Петерсон Сив Даб

Ламинат 8мм MV851 Петерсон Сив Даб

989 ден

Има на залиха

989 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 00851свк Категории

Ламинатните подови на SWISS KRONO се изработени од високо-квалитетно дрво како основна суровина. Иновативната технологија во производството обезбедува стилска подлога за подот со што завршуваат сите грижи за одржување, за оштетување или за топлината на внатрешниот амбиент. Оваа технологија на производство е заснована на високо-концентрирани пресувани даски (HDF), кои се оплеменуваат со атрактивна декоративна хартија и автентична површинска структура. SWISS KRONO нуди широка палета на модели и дизајни на ламинатни подови.

  • Ефект на ултра модерен даб
  • Внимателно обработени процепи и чворови
  • Екстра широки даски
  • Висока отпорност на запалување
  • Адекватен за подно греење

 

Дебелина: 8 mm

Димензии: 1380 mm × 244 mm

Класа на абразија: AC 5/32

Структура: ML

Даски во пакет: 8 = 2,694 m2

Пакети на палета: 42 = 113,138 m2

 

Само најдоброто дури и на подот. Патрик Петерсон е шведски дизајнер познат по неговите елегантни и масивни маси од дабово дрво. Петерсон Сив Даб од колекцијата MY FLOOR Cottage го носи препознатливиот и фамилијарен стил на на овој дизајнер и буквално е распослан по подот. Втисната текстура на површината идеално одговара за да се создаде автентичен и благо изменет рустикален и истовремено поелегантен под. Неговите сивозелени траги создаваат идеална позадина за поставување на мебел со црна кожа, со покривки и постелнина од природен материјал, елементи со дебело стакло  hили модерна класика со старински изглед. Петерсон Сивиот Даб е3 елегантен и софистициран , и за разлика од вистинското дрво  е екстремно траен и отпорен на вода, на гребаници, на избледување и на изгореници од цигари.

 

Колекција Cottage

Чаша вино, добра книга, удобна фотелја пред распламтениот камин? Што повеќе можете да посакате за мирна завршница на еден бурен ден? Треперењето на пламенот од каминот ја обвива собата со прекрасна топла светлина. Вашиот нов под од MY FLOOR Cottage Collection нежно блеска, а неговата втисната текстура е фина и елегантна. Ова едноставно ќе ве натера да копнеете по вечерите, секој нов ден.

Сите колекции на Cottage подовите зрачат со неспоредливо чувство на удобност и имаат свој карактер. Имаат ефект кој може да се спореди само со оној на масивен дрвен под. И, ако и најмала искра од огнот излезе, воопшто нема да треба да се грижите. Нашите ламинатни подови се високо отпорни на запалување и можат да се справат со многу предизвици.

Бренд

Swiss Krono