Ламинат 8мм 3201 Бел Даб Тренд - Baucentar
Ламинат 8мм 3201 Бел Даб Тренд

Ламинат 8мм 3201 Бел Даб Тренд

889 ден

Има на залиха

889 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 100017свк Категории

Ламинатните подови на SWISS KRONO се изработени од високо-квалитетно дрво како основна суровина. Иновативната технологија во производството обезбедува стилска подлога за подот со што завршуваат сите грижи за одржување, за оштетување или за топлината на внатрешниот амбиент. Оваа технологија на производство е заснована на високо-концентрирани пресувани даски (HDF), кои се оплеменуваат со атрактивна декоративна хартија и автентична површинска структура. SWISS KRONO нуди широка палета на модели и дизајни на ламинатни подови.

 

Дебелина: 8 mm

Димензии: 1380 mm × 193 mm

Број на даски пакет: 8

Класа на абразија: AC 4/32

Даски во пакет: 8 = 2.131 m2

Пакети на палета: 56х2.131 = 119.28 m2

 

  • Четиристрана фуга
  • Изглед на природен даб
  • Отпорен на избледување и на флеки

 

Бел Даб Тренд  е стилски ламинат со боја на природен даб. Класичната боја на даб го издржува забот на времето и затоа и често се применува во ентериерни дизајни. Ламинатното дрво од даб има неколку гранки и е мирно. Прекрасната шара на неговото дрвено јадро изгледа елегантно и  дава пријатно чувство при газење. Шарата на даската е изработена со една лента и во модерен стил, а рабовите на даската се закосени.

Овој ламинат има класа на абразија 32 и затоа ламинатот има површина која е скоро целосно отпорна на гребење (AC4). Поради тоа овој ламинат е адекватен како за домашни, така и за јавни простории. Површината на ламинатот е исклучително отпорна, на пример на гребаници од нокти од миленичиња или од високи потпетици. Површината на ламинатот истот така е отпорна на валкање и многу е лесна за чистење. Едноставно чистење со правосмукалка и бришење со џогер е доволно за одржување на неговата чистота.

Овој квалитетен производ со потекло од Германија е безбеден за внатрешен простор бидејќи не содржи т.н. пластични омекнувачи. Како материјал од кој е изработен, овој материјал е високо еколошки, затоа што скоро 90% од неговиот состав е од природно дрво. Ламинатниот под може да трае навистина долго време додека се користи, а на крајот од својот животен век може безбедно да се рециклира како отпадно гориво.

Не сите ламинати се антистатички и пружаат добра звучна изолација. Поради ова ламинатните подови на Swiss Krono се погодни за живеалишта, канцеларии или јавни простории. Постојат значителни разлики во квалитетот кај различни ламинати од различни добавувачи. Ламинатите на Swiss Krono ги исполнуваат сите европски квалитети од аспект на издржливост, производство, рециклирање и внатрешен амбиент.

Ламинатните подови за секого се економски достапно и трајно решение. Од огромниот избор и широкиот спектар на модели на ламинат, сигурно можете да најдете одреден модел кој ќе ви одговара и по цена, и по трајност и по изглед. Ламинатите имаат водоотпорна рамка и обработени слоеви кои се секој оделно отпорни на влага. Ламинатите се исто така адекватни за поставување на подлоги со подно греење.

Закосената завршница од 45 степени (4V) на сите четири страни заедно со нивната исклучителна издржливост и исклучителна убавина го прават подот погоден за секој простор во кој ќе влезе посетителот, а ламинатот ќе остане врежан во неговото сеќавање долго време.

 

Колекција Superior Advanced

Колекцијата Superior Advanced ламинати има избрани модели бои и дизајни!

Ламинатот од колекцијата Advanced е со дебелина од 8мм и со висок ранг на ламинат за домашен амбиент. Ова значи дека може да се постави и во најфреквентните и најоптоварените делови од Вашиот дом без да се грижите за неговата издржливост или оштетување од зголемениот обем на движење. Површинската текстура претставува втиснато јадро на дрво кое го отсликува реалистичниот изглед на природно пресечено дрво. Ова исто така овозможува дополнително триење и подобар контакт, со што дава чувство на допис со вистинско дрво!

Благодарение на неговиот drop-click систем на спојување, за кој е доволно да се притисне одозгора, овој ламинат многу лесно и брзо може да се постави на подот за разлика од традиционалните ламинати кои се малку посложени за поставување. Од оваа причина, Swiss Krono ламинатите се многу популарни кај професионалците кои поставуваат ваков под. Иако овој ранг на ламинат може да го монтира секој, сепак се препорачува тоа да го направи професионален мајстор и да му дадете време на подот да се аклиматизира барем 24 часа пред да започнете да го редите мебелот.

Ламинатите може да се монтираат, вадат и повторно да се вградат во нов простор според нашите потреби.

 

Ламинатите од колекцијата Advanced се погодни и за мали комерцијални продавници.

Бренд

Swiss Krono