Ламинат 12мм M1204 Харбур Сив Даб - Baucentar
Ламинат 12мм M1204 Харбур Сив Даб

Ламинат 12мм M1204 Харбур Сив Даб

1299 ден

Има на залиха

1299 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 100045свк Категории

Ламинатните подови на SWISS KRONO се изработени од високо-квалитетно дрво како основна суровина. Иновативната технологија во производството обезбедува стилска подлога за подот со што завршуваат сите грижи за одржување, за оштетување или за топлината на внатрешниот амбиент. Оваа технологија на производство е заснована на високо-концентрирани пресувани плочи (HDF), кои се оплеменуваат со атрактивна декоративна хартија и автентична површинска структура. SWISS KRONO нуди широка палета на модели и дизајни на ламинатни подови.

Автентична финална обработка
• Типичен изглед и чувство на природно дрво
• Хармонична вдлабната шара и обработка
• Лесен е за изведба благодарение на Kronotex Clic-System
• Издржлив на големи оптоварувања

Дебелина: 12 mm
Димензии: 1375 mm × 188 mm
Класа на абразија: AC 5/33
Структура: ER
Плочи во пакет: 5 = 1,293 m2
Пакети на Палета: 56 = 72,38 m2

Највисока класа на абразија за задоволување на највисоки барања. Исклучителните работи најчесто стануваат воочливи кога ќе почнат да стареат. Така патината која се создава со текот на времето дава изглед и карактер на рустикален под. Харбур Сивиот Даб, со неговиот сребрен трепет на добро изгазена подлога, дава изглед на дрво кој долг период му одолеал на работ времето. Во комбинација со модерни елементи изработени од хром, кожа или стакло, создава восхитувачки уметнички изглед со кој би се гордеел секој амбициозен експерт за ентериер. Шарата со вдлабена текстура и старинскиот обработен изглед на овој ламинат со четиристрана фуга перфектно го отсликува карактерот на неколку вековно стар и цврст под од дабови даски.

Колекција Villa
Замислете мала вила која на малиот рид Тускан постои со векови. Таа има видено многу настани од минатото: весели фамилијарни прослави, раскошни вечери како и романтични вечери на свеќи. Иако нејзиниот стил значително се менувал со текот на времето – таа отсекогаш била безвременски елегантна. Колекцијата MY FLOOR Villa ја комбинира оваа класична елеганција со потценетиот гламур кој без напор ја збогатува секоја соба.

Дали сакате ексклузивен квалитет? Дозволете си да бидете заведени од изгледот на оплеменето дрво од колекцијата Villa и создадете сопствен простор со стилска убавина. И не заборавајте дека со него можете да создадете импресивен впечаток и во бизнис опкружување.

Бренд

Swiss Krono