Ламинат 10мм ML1013 Хајленд Сребрен Даб - Baucentar
Ламинат 10мм ML1013 Хајленд Сребрен Даб

Ламинат 10мм ML1013 Хајленд Сребрен Даб

1399 ден

Има на залиха

1399 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш
Шифра: 001013свк Категории

Ламинатните подови на SWISS KRONO се изработени од високо-квалитетно дрво како основна суровина. Иновативната технологија во производството обезбедува стилска подлога за подот со што завршуваат сите грижи за одржување, за оштетување или за топлината на внатрешниот амбиент. Оваа технологија на производство е заснована на високо-концентрирани пресувани даски (HDF), кои се оплеменуваат со атрактивна декоративна хартија и автентична површинска структура. SWISS KRONO нуди широка палета на модели и дизајни на ламинатни подови.

  • Елегантен планински изглед
  • Идеален за подно греење
  • Екстремно траен
  • Четиристрана фуга
  • Изработен од природни и обновливи материјали

 

Дебелина: 10 mm

Димензии: 1845 mm × 244 mm

Класа на абразија: AC 5/33

Структура: ER

Даски во Пакет: 4 = 1,80 m2

Пакети на палета: 42 = 75,6 m2

 

Нежната софистицираност на елегантното живеење. Изненадувачки работи се случуваат кога најмалку ги очекувате. Хајленд Сребрен Даб го има тој интригантен тон на луксузност и едноставност кој навистина може да Ве изненади. Доколку одреден елемент на ентериерскиот стил може да се прогласи за „Прва Класа“ за домот, тогаш заслужено тоа би бил овој MY FLOOR ламинатен под. Има дизајн на природен под со бледи исцртани линии и длабока површинска текстура која зрачи планински воздух како од Алпите, а истовремено и едноставност во моментот кога ќе го погледнете. Специфичниот изветреан изглед на старо дрво и допирот на Хајленд Сребрен Даб ги оцртуваат годовите на дабово дрво, автентичните чворови и тенките прошарани линии со што го прави скоро да не се разликува од вистинското природно дрво. Да не се чудите. Така е бидејќи овој врвен ламинатен под е изработен од природно дрво и дрвени струготини од скоро 100% обновливи суровини. Негова предности е што забот на времето ќе направи многу малку за да го расипе неговиот изглед. Овие даски прекрасни даски не само што ќе го збогатат ентериерот во Вашиот дом туку и ќе го оплеменат. Овој под е лесен за одржување и е отпорен на избледување, на флеки и на изгореници од цигари. Хајленд Сребрен Даб е врвниот избор од колекцијата MY FLOOR – во вистинска смисла на зборот.

Колекција Residence

Кажете му збогум на секојдневието. Со нашата врвна понуда ќе можете да создадете несекојдневен амбиент: урбан, стилски и грациозен истовремено. Residence е нашата специјална колекција, нашето врвно дело. Екстра широките и невообичаено долгите  даски; автентичниот, елегантен изглед на природно дрво и врвниот квалитет на овие ламинатни подови -самите ќе го кажат своето.

Нашата MY FLOOR Residence колекција ќе ве замисли. Кога ќе се постави во Вашата соба -, собата зрачи со самодоверба, модерност и ексклузивност. Едноставно, нема да одите по Вашиот под, туку ќе лебдите. Нема потреба да напоменеме дека ламинатниот под е робусен, отпорен е на избледување и многу удобен за газење.

Бренд

Swiss Krono