Правосмукалка Индустриска За Суво-Влажно Чистење ГАС 35 Л СФЦ 1.200W - Baucentar
Правосмукалка Индустриска За Суво-Влажно Чистење ГАС 35 Л СФЦ 1.200W

Правосмукалка Индустриска За Суво-Влажно Чистење ГАС 35 Л СФЦ 1.200W

44150 ден

Нема на залиха

Индустриска правосмукалка со компактна конструкција кој се одликува со мотор со номинална влезна моќност од 1.200W. Овозможува удобно и пријатно чистење. Има маса од  11,6кг. Има компактна конструкција за лесно ракување и контрола. Оваа правосмукалка постигнува многу добри резултати за всисување благодарение на моќната турбина со моќност од 1.200 W со особено голем подпритисок од 254 mbar
Уредот е подготвен за користење директно отпакуван од кутија, потребно е само едноставно и брзо спојување на приборот.
Оваа правосмукалка има иновативен систем за држење на кесата за прашина. Овој систем е компатибилен со универзална домашна или индустриска кеса за прашина. Правосмукалката има две различни функции за всисување или дување со едноставно и лесно притискање на копче. Има и полуавтоматски систем за чистење на филтерот, за поголема ефикасност во работењето и за подолг век на траење на филтерот. Површината на филтерот изнесува 6.150 cm². Овој уред има најудобно полуавтоматско чистење на филтерот (SFC+) со само едно движење на раката за побрзо напредување при работењето. Максималната брзина на проток на воздух низ турбината е 74 литри во секунда, а максималниот подпритисок е 254mbar.
Бруто волуменот на резервоарот за вода е 35 литри, а нето волуменот на вода која ја собира во него е 19 литри. Должината на правосмукалката е 515мм, ширината е 375мм а висината е 575мм.   Правосмукалката има и 4 тркала кои овозможуваат поголема подвижност и полесно складирање. Кај оваа правосмукалка постои можност за спојување со L-BOXX како практично решение за транспортирање или чување при мобилно користење.

Бренд

Bosch