Пневматски Чекан Дупчалка ГБХ 5-40 Д СДС-Макс 1100W 8.5J - Baucentar
Пневматски Чекан Дупчалка ГБХ 5-40 Д СДС-Макс 1100W 8.5J

Пневматски Чекан Дупчалка ГБХ 5-40 Д СДС-Макс 1100W 8.5J

40590 ден

Нема на залиха

Шифра: 0611269001 Категории

Електрична пневматска дупчалка која се одликува со најголема брзина на дупчење во својата класа, дури до 30% поголема брзина во споредба со претходниот модел ГБХ 5-38. Поседува мотор со номинална влезна моќност од 1.100W заради најголем напредок во работата. Енергијата на ударот изнесува 8.5 Ј. Исто така се одликува со голема ефикасност во кршењето на материјали – до 50% поголема енергија на ударот во споредба со претходниот модел ГБХ 5-38. Одличен е за ракување поради добриот баланс кој го има за сите намени.

Бројот на удари при номинален број на вртежи изнесува од 1.500 до 2.900 удари во минута. Бројот на вртежи во номинален режим изнесува од 170 до 340 вртежи во минута. Приклучниот навој на дупчалката е од тип SDS+. Масата на дупчалката е 6,8кг.

Ширината на дупчалката е 83мм, должината е 285мм а висината е 214мм.

Дијаметарот на дупчење во бетон изнесува од 12 до 40мм. Оптималниот дијаметар за дупчење во бетон изнесува од 18мм до 32мм. Максималниот дијаметар на дупчење во ѕид со круни изнесува од 40 до 90мм.

Бренд

Bosch