Електричен тример за трева АРТ 35 кој се одликува со мотор со високи перформанси. Овој тример има слична ефикасност како и тримерите со голема моќност. Наведувањето на тримерот при работа се врши без поголем напор заради одличната распределба на тежината, на нараменицата и на ракофатот на тримерот. Овој тример е робусен а истовремено издржлив за поголеми оптоварувања и лесен за ракување и за носење. Наменет е за сечење жилава и висока трева, за косење ливади и косење на запуштени агли со трева во градината. Има стабилна оска која го штити тримерот од случајно паѓање на тврди површини.
Системот на сечење е со калем за жица, дијаметарот на сечење со жица е 350мм, а брзината на сечење е 8.000 вртежи во минута. Тримерот е тежок 4,6кг и е со следните димензии: ширина 280мм, должина 1160мм и висина 320мм.
Нивото на звучен притисок е 87 dB(A), а нивото на звучна моќност е 94 dB(A).