Декоративен Минерален Внатрешен Малтер Rajb 2.0мм 25кг - Baucentar
Декоративен Минерален Внатрешен Малтер Rajb 2.0мм 25кг

Декоративен Минерален Внатрешен Малтер Rajb 2.0мм 25кг

615 ден

Има на залиха

Внатрешен Минерален Малтер

615 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Neo Deco Mal e декоративен минерален малтер за внатрешни ѕидови.

ПРИМЕНА
Благороден минерален тенкослоен малтер на варово-цементна база, наменет за сите видови фино израмнети подлоги од цементно-варов малтер или од цементен малтер, наменет за внатрешна употреба.

СТРУКТУРА НА МАЛТЕРОТ
Rajb (зарибана-rille) или Full (полна- kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која треба да биде нанесен малтерот мора да биде цврста, чиста и сува. Во зависност од моќта на впивањето и квалитетот на подлогата, подлогата може да се грундира со Neo Acryl подлогата.

Малтерот се подготвува со додавање на околу 24-26% вода и се продолжува со интензивно мешање, сé додека не се постигне целосна хомогенизација. Потоа се остава смесата да одстои 10 min, па повторно се промешува. Малтерот се нанесува со челична глетарка во дебелина на најкрупното зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глетарка и тоа во: FulL (полна – kratz) структура – се структурира со кружно движење веднаш по нанесувањето; Rajb (зарибана – rille) структура – се структурира кратко по нанесувањето дури не се постигне саканата структура.

ТЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Од + 5°C до + 30°C. За подробни информации погледнете го техничкиот лист на производот.

ПОТРОШУВАЧКА
За 2,5-3,5 kg/m2 во зависност од саканата структура и гранулација.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригинална амбалажа во сува просторија на палета.

Бренд

Neoton