Електрична Ударна Дупчалка SDS+ 900W БМЦ - Baucentar
Електрична Ударна Дупчалка SDS+ 900W БМЦ

Електрична Ударна Дупчалка SDS+ 900W БМЦ

5390 ден

Има на залиха

5390 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Електрична Ударна Дупчалка SDS+ со мотор со моќност од 900 Wнаменета за шлицување и за рушење. Има три специјални функции: дупчење, пневматско дупчење и длетување кое е корисно при отстранување на керамички плочки или гипс-картонски плочи. Максималната енергија на ударот е 4.2 J што ја прави оваа алатка многу ефикасна за материјали како бетон, цигли или камен. Максималната фреквенција во номинален режим е 2.800 удари во минута и максимална брзина на вртење на главата од 750 врт/мин. Механизмот на уредот е заштитен со прекинувач кој го штити уредот од преголемо загревање. Главната рачка има антивибрациски систем со две точки и е прекриена со материјал против лизгање. Куќиштето на уредот е прекриено со магнезиумски капак. Дополнително, уредот е опремен со практичен прекинувач за два прсти, индикатор за главно напојување и лесно достапен отвор за подмачкување на ударниот механизам. Има и индикатор на куќиштето за замена на истрошени четкици на моторот. Во пакетот следуваат и : бургија, специјален клуч, дополнителна ротациона рачка, покривка за прашина, подесувач за длабочина на дупчење, резервоар за масло и пластична кутија. Уредот има и флексибилен и цврст кабел долг 4 метри и обложен со гума. Кабелот е дизајниран за професионална и индустриска намена на уредот, во внатрешни и надворешни услови. Прилагоденоста на европските стандарди и е потврдена со CE сертификат.

Бренд

Graphite