Електрична Вибрациона Брусaлка 220W 104х112мм - Baucentar
Електрична Вибрациона Брусaлка 220W 104х112мм

Електрична Вибрациона Брусaлка 220W 104х112мм

1620 ден

Има на залиха

1620 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Електрична Вибрациона Брусaлка со мотор со моќност од 220 W дизајниран за обработување и чистење на површини со различна структура и цврстина. Алатката има ергономски дизајн и прецизен баланс што овозможува удобност и безбедност во користењето, дури и само со една рака. Оваа брусилка има три вида на заменливи лежишта за брусна хартија: правоаголна, квадратна и триаголна, што овозможува широк опсег на примена. Димензиите на лежиштето се 104×112 мм. Максималната брзина на ротирање на главата е 13.000 врт/мин, а максималната фреквенција на осцилирање во празен од е 26.000 осц/мин. Амплитудата на осцилирање е 1 мм. Главната рачка е обложена со материјал против лизгање за поцврсто држење во раката. Алатката има и систем за одведување на прашината , а исто така има и резервоар со филтер за одведување на отпадната прашина. Огромна предност е можноста за брза замена на брусната хартија. Алатката има и флексибилен и цврст кабел долг 3 метри кој е наменет за професионална и индустриска намена, за внатрешни и за надворешни услови. Во пакетот со оваа алатка следуваат: 3 лежишта за влошки (квадратна правоаголна и и триаголна) брусни хартии и резервоар за отпад. Прилагоденоста на стандардите на ЕУ е потврдена со CE сертификат.

Бренд

Graphite