Индустриски фен за топол воздух со мотор со голема моќност од 2.000 W. Наменет е за загревање и отстранување на премази и обвивки, за пакување во термофолија, за одмрзнување, за сушење или за лепење на фолија врз дрвен мебел. Оваа моќна алатка има прекинувач со 4 позиции за избор на една од три различни нивоа на температури и на проток на воздух. Дополнително, во втора или трета брзина, може да се врши фино подесување на температурата. Опсегот на температура е: I: 25ºC, II: 80-600ºC, III: 80-600ºC. Овој фен е лесен и удобен за користење. Има рачка која е покриена со материјал против лизгање кој добро лежи на дланката. Дизајнот на уредот овозможува дување на воздух и во вертикална позиција. Фенот и повеќекратна термичка заштита која го заштитува од прегревање. Уредот има и флексибилен и цврст кабел долг 3 метри кој е наменет за професионална и индустриска намена, за внатрешни и за надворешни услови. Во пакет со фенот следуваат и неколку додатоци за насочување на дувањето како и дополнителна рачка. Прилагоденоста на стандардите на ЕУ е потврдена со CE сертификат.
Индустриски Фен 2.000W 80-600С
2250 ден 1575 ден
Има на залиха
Шифра: 59Г524
Категории OutletЕлектрични уредиПроизводиФенови