Електрична мешалка 1600W со 2 мешалки - Baucentar
Електрична мешалка 1600W со 2 мешалки

Електрична мешалка 1600W со 2 мешалки

6330 ден

Има на залиха

6330 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Електрична мешалка со 2 мешалки со мотор со моќност од 1600 W е дизајнирана за мешање на погусти и поретки малтери, лепаци и бои за ѕидови — максимум до 160 литри од растворот. Благодарение на робусниот дизајн и ефикасното одведување на топлината, мешалката може да се користи активно подолг период во текот на денот. Мешалката има мек старт и можност за регулација на брзината на вртење. Во прва брзина, моторот има од 0 до 390 вртења во минута, додека во втора брзина моторот има од 0 до 690 вртења во минута. Рачката е одлично е профилирана и обложена со материјал против лизгање. Овозможува удобно и безбедно користење на подолг период. За уште поголема безбедност, мешалката има и прекинувач за избегнување на несакано вклучување. Телото на редуцирот е изработен од алуминиум кој е отпорен на високи температури. Има и флексибилен и цврст кабел обложен со гума долг 3 метри. Кабелот е дизајниран за надворешно и внатрешно користење на мешалката. Во пакетот со мешалката се вклучени и две резервни мешалки и клучеви за поправки. Прилагоденоста на европските стандарди и е потврдена со CE сертификат.

Бренд

Graphite