Вратничка За Оџак 130х260мм Бела - Baucentar
Вратничка За Оџак 130х260мм Бела

Вратничка За Оџак 130х260мм Бела

870 ден

Има на залиха

870 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Намена:
Вратничка за оџак со димензии на рамката од 130×260мм која претставува дел од димоводната инсталација во домот. Наменета е за одржување на оџакот заради одржување и сигурност во неговото користење. Задачата на оџакот е да создаде проветрување и со тоа да ја одведе потребната количина на свеж воздух во ложиштето а димните гасови да ги исфрли во атмосферата . Поради тоа вратничката за оџакот ја има следната намена:
– проверка на состојбата на оџакот и димоводните канали
– проверка на протокот и притисокот на димните гасови
– проверка на противпожарните услови
– визуелна проверка на внатрешноста на оџакот
– анализа на димните гасови
– чистење, согорување и вадење на гареж

Вратничката се одликува со постојаност на зголемени температури благодарение на специјалната термоизолациона плоча која не содржи азбест, постојаност на чад и корозија и постојаност на кондензат.
Вградувањето на рамката е сигурна и едноставна. Во зависност од дијаметарот на оџакот, најмногу се применува при изградба на станбени, станбено-деловни и индустриски објекти каде што има уреди за ложење со средна и поголема снага.
Изработка:
Вратничката за оџак е изработена од ладно валан лим со дебелина од 0. 8мм.
Површинска заштита:
Површинската заштита на овој производ се врши со галванско поцинкување. Со оваа постапка се постигнува одлична антикорозивна заштита. Со поцинкувањето се добива заштитен слој со дебелина од 8-12μm кој е постојан на температурни интервали од -40 ºC до +300ºC.
Само за варијантата од ладно валан лим се применува пластифицирање. Со премачкувањето со боја се постигнува квалитетна заштита на металните делови од корозија. Производот има глатка и сјајна површина (>80%). Со пластифицирање се добива заштитен слој со дебелина од 60-80 μm, кој е постојан на температури во интервал од -40 до +200ºC.
Начин на вградување:
Препорачан начин на вградување на овој тип на решетки:

  1. Вградување со помош на малтер или некое друго врзивно средство

Бренд

Anko