Восокоадхезивна Подлога За Мазни Површини1л - Baucentar
Восокоадхезивна Подлога За Мазни Површини1л

Восокоадхезивна Подлога За Мазни Површини1л

469 ден

Нема на залиха

Neo Uni Grund е високо адхезивна подлога за слабо апсорбирачки површини.

ПРИМЕНА
Neo Uni Grund е високо адхезивна подлога која првенствено се користи за подобрување адхезија на мазни, проблематични површини со слаба абсорбција, како што се керамички плочки, мазен бетон и други цврсти компактни површини. Производот Neoton Uni Grund разреден со вода може да се користи и при нанесување на глет маси, лепила за керамика, самонивелирачки маси, минерални малтери и сл., потоа нa гипс картонски или цементно-влакнести плочи, анхидрит подлоги, високо апсорбирачки малтери и други цементни подлоги. Со нанесувањето на Neoton Uni Grund се врши врзување на заостанатата прашина и егализација на површината, а на тој начин се остварува и подобро врзување на следниот слој за подлогата.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред употреба Neoton Uni Grund содржината во шишето задолжително треба да се протресе. Кога се нанесува на слабо апсорбирачки површини, Neoton Uni Grund се нанесува неразреден, со четка или со кратко влакнест валјак во еден слој. На вака нанесената облога може да се нанесат следните слоеви најмалку 6 часа после сушење во нормални услови (23°C и 50-60% релативна влажност на воздухот), кога премазот ќе постигне отпорност на гребење. Во случај на примена на површини со слаба апсорпција, производот мора да се разреди со вода во сооднос 1:3 (подлога:вода). Разредениот производ се нанесува со четка, валјак или со прскање во 1-2 слоја во зависност од апсорпцијата и од посакуваниот ефект, по принципот влажно на влажно.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0,05-0,10 л/м², во зависност од апсорпцијата и намената.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригинално пакување. Да се чува на температура од + 5°C до + 25°C, заштитен од сончева светлина и од смрзнување.

Бренд

Neoton